Во предвечерието на Ден на градот, на градскиот плоштад во Куманово, на 10.11.2024 година (недела), со почеток во 20 часот, ќе се одржи музички мозаик со настап на 20 интерпретатори од македонската музичка сцена. На концертот ќе бидат изведени песни од повеќе музички правци, за сите генерации, поделени во четири етапи: блок на локални изведувачи, дел со фолклорни песни, поп -рок и блок со рап – трап изведувачи. Во текот на музичката вечер предвиден е огномет, во знак на 505 -от роденден на градот.
Настанот ќе го води Стефан Лазаров.
The post “Македонија пее за Куманово” – празничен концерт во чест на 11 Ноември first appeared on Општина Куманово.