Москва: Западот очигледно не е воодушевен со планот на Зеленски

Moskva1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Западните земји очигледно не се ентузијасти за планот што го претстави Владимир Зеленски, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.


Според него, Зеленски не промовира план за постигнување мир, туку натамошна ескалација со ризик од директен конфликт меѓу Русија и НАТО.

„Од реакциите на Европејците, дури и од реакцијата на НАТО, гледаме дека тие воопшто не се задоволни од овие нелогични и искрено кажано не многу паметни предлози“, рече тој.

Главната тајна на планот е дека Зеленски сака да го официјализира директното вклучување на НАТО во конфликтот.

Ова е суштината на она што стигна до светската јавност.

„Вели: да, досега сте учествувале, но нешто неофицијално. И сега да го направиме тоа да биде официјално, дека НАТО е тука. Тоа е кратковидно, бесмислено и нелогично во неговата ситуација“, рече Песков.

Владимир Зеленски пред украинскиот парламент го претстави својот „план за победа“ кој се состои од пет точки и три тајни амандмани, а во кој, меѓу другото, се предлага распоредување на странски сили за ненуклеарно задржување на територијата на земјата, пренесува Спутник. Првата точка е геополитичка: покана на Украина во НАТО „веднаш“, пренесува медиумот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK