Принцезата Кејт користи посебна фраза за да ги дисциплинира децата на кралските настани

Screenshot-2024-10-18-083221.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Децата на принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон се познати по нивното примерно однесување на кралските настани, но се вели дека нивната мајка има посебен начин да ги смирува кога ќе почувствува дека нивното однесување ја преминува границата. Според кралскиот експерт Том Квин, таа користи едноставна, но ефикасна фраза: „Ајде да одмориме“. Иако фразата звучи како повик за пауза, всушност носи многу поголема тежина, бидејќи на децата им е јасно дека е време да престанат со пакоста.


Кога станува збор за јавните ангажмани, како што е неодамнешната прослава „Trooping the Color“ , која е долгогодишна традиција во британската армија која датира од почетокот на 17 век, најмалите докажаа што значи да се биде добро образован. Церемонијата вклучува парада на различните полкови на британската армија, демонстрирајќи прецизност, дисциплина и воена традиција.
Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис се покажаа како примери за примерно однесување. Сепак, Кејт има подготвен план за оние ретки моменти кога децата, како принцот Луис, покажуваат премногу ентузијазам. Во својата книга „Позлатена младост, интимна приказна за растењето во кралското семејство“, Квин открива дека смирената реакција на Кејт била пофалена од експертите за време на платинестиот јубилеј на кралицата, кога Луис и го испружил јазикот на мајка си. Имено, наместо критика, Кејт едноставно употребила фраза која е сигнал до децата да се повлечат и да се смират.

– Кејт не се грижи премногу за нивното однесување. Обожава да ги гледа како се однесуваат како деца – открил извор близок до семејството.

Однесувањето на младиот принц Луис предизвика насмевки ширум светот, а Кејт и Вилијам го гледаа како можност да ја покажат својата хумористична страна. По платинестиот јубилеј, двајцата им се заблагодарија на сите присутни, со хумористична нота на социјалните мрежи: „Сите си поминавме одлично, особено Луис“, додавајќи смајли на страна.

Познато е дека на кралското семејство од од Велс, приоритет им е комуникацијата и трпението во воспитувањето на децата. Правилата не вклучуваат викање, а Кејт се вели дека е нешто построга од Вилијам. Сепак, тие ја спроведуваат дисциплината заедно со нивната долгогодишна дадилка Марија Тереза ​​Турион Борало, пренесуваат светските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK