Еден од лидерите на Хамас, Калед Мешал, е назначен за вршител на должноста лидер на тоа милитантно движење по ликвидацијата на Јахја Синвар, јавува либанската телевизија ЛБЦИ, повикувајќи се на извори.
Мешал сега е одговорен за целата комуникација со клучните страни вклучени во преговорите и прашањата за затворениците, пренесува либански ТВ канал.
❗️Hamas appoints new leader following the assassination of Yahya Sinwar — LBCI
Politburo member Khaled Mashal will take Sinwar’s place after he was killed by the IDF in Gaza.
— Moh Musthafa Hussain (@musthafaaa) October 18, 2024
Извори потврдија за ЛБЦИ дека раководството на Хамас ги информирало турските, катарските и египетските власти за смртта на Синвар за време на операцијата Тел ал Султан.
Дополнително, тие наведоа дека за убиството на Синвар и неговото влијание врз преговорите и потенцијалниот прекин на огнот разговарале американскиот државен секретар Ентони Блинкен и катарскиот премиер и министер за надворешни работи шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.
Хамас рече дека по убиството на Синвар, преговорите за размена на заробеници и завршување на војната „ќе стануваат сè потешки и сложени“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) во четвртокот официјално објавија дека Синвар, кој се смета за главен организатор на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, бил убиен од израелската армија во Појасот Газа.