МВР го објави идентитетот на загинатите во сообраќајката кај Катланово, сите се велешани

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи вчера на  автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово кога се преврте комбе.



Загинатите се А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес.

Од овој град се и лицата кои се здобија со тешки телесни повреди – возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41).

Според информациите од МВР, до несреќата дошло кога комбето во кое се превезувале излетало од патот и се превртело.

Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите биле предадени на обдукција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK