Апсење во Велес, при претрес пронајдена дрога

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода М.Ц.(34) и малолетник, двајцата од Велес, затоа што биле затекнати при купопродажба на зелена растителна материја. Подоцна, со судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Ц., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја и две дигитални ваги.



М.Ц. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK