Пред два дена се одржа ревијата на Викторија Сикрет по шестгодишна пауза.
Ревијата се одржа во Њујорк, градот во кој се роди модното шоу на Викторија Сикрет.
Тајра Бенкс се врати на модната писта, за прв пат по 20 години. Нејзе и се придружија Џиџи Хадид, Палома Елсесер, Иман Хамам, Кендис Свонепул, Грејс Елизабет, Тејлор Хил, Мајова Николас, Девин Гарсија, Барбара Палвин, Бехати Принсло, Ешли Греам, Јасмин Тукс, Адријана Лима и многу други модели.
Оваа година беше претставена една нова работа – моделите со плус сајз, меѓу кои и Ешли Греам, прошетаа на пистата. Во минатото, Викторија Сикрет постојано беше мета на критики за претставување на слаби модели. На тоа сега сакаат да се спротивстават. Во музичкиот дел на вечерта настапи Шер.