Израелскиот министер за одбрана: Макрон е срам за француската нација

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за одбрана на Израел го нападна францускиот претседател откако на израелските компании им беше забрането да учествуваат на саемот за оружје во Франција „Еуронавал“. Јоав Галант го нарече Емануел Макрон „срамот на француската нација“.



„Одлуката за дискриминација на израелската одбранбена индустрија во Франција по втор пат им помага на непријателите на Израел“, рече Галант. Тој ја обвини Франција дека „постојано води непријателска политика кон еврејскиот народ“. Ова е втор пат за неколку месеци израелските одбранбени компании да бидат исклучени од учество на воена изложба во Франција, пренесува Политико.

„Ќе продолжиме да ја браниме нашата нација од непријателите на 7 различни фронтови и да се бориме за нашата иднина – со или без Франција“, најави Галан. Острите забелешки се последната ескалација во војната со зборови меѓу Макрон и израелската влада додека Израел ги засилува воените напади во Либан и Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му возврати на Макрон откако францускиот лидер рече дека Нетанјаху „не смее да заборави дека неговата земја е создадена со одлука на ОН“. „Потсетување до претседателот на Франција: не беше резолуцијата на ОН што ја основа државата Израел, туку победата постигната во војната за независност со крвта на херојските борци, од кои многумина го преживеаја Холокаустот“, предупреди Нетанјаху.

Макрон постојано повикуваше на прекин на огнот во Газа и побара на почетокот на овој месец земјите да престанат да го снабдуваат Израел со оружје насочено кон опколената енклава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK