Денеска во кружната сала на зградата поранешен Комитет, се одржа јавна презентација на проектот за реконструкција на улицата Моша Пијаде во Куманово.
Проектот ќе се реализира со финансиска поддршка на Светска Банка, во имплементација на Министерството за транспорт и врски на РСМ и Општина Куманово.
Презентацијата ја одржаа претставници од Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање и креирање политики, следење и ЛЕР од Општина Куманово, Горан Митевски и Марија Бабан, во присуство на претставници од единицата за имплементација на проекти во рамки на Министерството за транспорт и врски на РСМ.
На настанот активно учествуваше и група граѓани, која ги застапува интересите на жителите од улицата што ќе се реконструира, поздравувајќи ја иницијативата со предлози и идеи како дополнување на проектните активности.
The post Јавна презентација на проект – реконструкција на улицата Моша Пијаде во Куманово first appeared on Општина Куманово.