Инвестираме значајни средства директно во општините за развој и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Оваа година ќе се инвестираат 100 милиони евра преку програмата на Владата, следната уште 250 милиони евра за бројни проекти во инфаструктурата. Поднесените проекти преку Министерството за транспорт веќе се одобрени и очекувам многу скоро почеток на нивна реализација, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешнта работна посета на општина Велес.
Николоски заедно со градоначалникот Марко Колев и пратениците од Велес како и директорот на АД за стопаснување со станбен и деловен простор, извршија увид во реконструкција на улицата Луј Пастер, како и во изградената социјална зграда која во моментов е во постапка на распределување.
При посетата на социјалната зграда истакна дена ова е мерка со која ќе се обезбеди пристоен дом за 29 ранливи семејства од Велес.
„Инвестицијата во оваа зграда е 54,2 милиони денари и во овој момент тече постапка за распределување на становите. Очекувам 29 ранливи семејства од Велес да добијат свој дом и ги мотивирам сите кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да видиме среќни семејства кои живеат тука. Уверувам дека процесот ќе биде транспарентен и јас лично ќе го надгледувам и нема да дозволам да има било какви манипулации. Паралелно со овој процес во тек е и распределба на зградата и во Кочани, а веќе во завршна фаза со изградба се зградите и во Бутел и Дебар” изјави Николоски.
Тој истакна дека за општина Велес распеделени се 1,1 милион евра за поодбрување на локалната патна мрежа кои во најголем дел се потрошени за реконструкција на улици низ градот.
Во однос на брзата пруга на Коридор 10, министерот најави дека со изградбата на брзата пруга, граѓаните за двесетина минути ќе патуваат од Велес до Скопје со 200 кm на час.