Посета на француски амбасадор во Општина Куманово

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска ја оствари првата официјална средба со новоназначениот амбасадор на Француската Република во РС Македонија, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, придружуван од делегација на пратеници на Собранието на РСМ во Парламентарното собрание на Франкофонијата. Во пријателска атмосфера беше нагласена досегашната успешна комуникација и соработка меѓу Општината и француската Амбасада, што претставува основа за нови предлози и идеи кои би биле во функција на граѓаните. По приемот во кабинетот, делегацијата предводена од градоначалникот и францускиот амбасадор, присуствуваше во СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово, каде разговараа за новите проектни задачи со наставниците и учениците од билингвалната франкофонска паралелка.








The post Посета на француски амбасадор во Општина Куманово first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK