Агенцијата за справување со катастрофи (АФАД) соопшти дека по земјотресот утринава во Турција се случиле уште 30 земјотреси со магнитуда од 1,2 до 3 степени, но дека во земјотресот нема жртви и повредени, јави денеска Анадолија.
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот на источна Турција, со епицентар во близина на градот Малатија.
Гувернерот на тој град, Седар Јавуз, во изјава навел дека неколку згради се тешко оштетени, но дека нема жртви.