Возило се превртело и запалило во сообраќајка на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје: повредени четири лица

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа околу 20.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“, на кракот со ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(57) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.М.(21) од Скопје.



Во несреќата возилото „шкода” се превртело и се запалило а со тешки телесни повреди се здобил М.А.(35) од Скопје, сопатник во возилото „шкода“, додека возачот З.Ѓ. и А.Р(36) и Л.Н.(45) од Скопје, исто така, сопатници во  возилото „шкода“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Кoмплексот клники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK