Прикажување на филмот „Бизнисот на задоволството“ во Гевгелија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Народниот театар- Гевгелија, утре (17 октомври 2024 година), ќе се прикажува филмот „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски. Емитувањето ќе започне во 20:00 часот и е наменет за лица на возраст над 16 години. Влезницата чини 150 денари. Билетите се пуштени во продажба, а можат да се набават во Народниот театар- Гевгелија, од 08:00 до 15:00 часот и пред почетокот на емитувањето.

Имено, приказната на следи новинарка која, опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа на трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.



Улогите ги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска.

Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Снимен е со поддршка на македонската Агенција за филм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK