(Видео) Во Ријад стартува „Слемот на шест кралеви“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Ријад започнува „Слемот на шест кралеви“, егзибициски тениски спектакл. Победникот ќе ја добие најголемата награда во историјата на тенисот.



Иако турнирот нема натпреварувачко значење и не носи бодови за АТП листата, Саудијците сакаа да ги привлечат најдобрите тенисери, за учество се добива 1.500.000 долари, а победникот ќе добие неверојатни 6.000.000 долари.

Шестмината „кралеви“ во Ријад се Новак Ѓоковиќ, светскиот рекет број еден Јаник Синер, Карлос Алкараз, Даниил Медведев, Холгер Руне и Рафаел Надал кој неодамна објави дека се повлекува од светот на тенисот.

Распоред на натпреварите:

Среда (1/4-финале):
18.30 часот Данил Медведев – Јаник Синер
20.00 часот Холгер Руне – Карлос Алкараз

четврток (1/2-финале):
18.30 часот Новак Ѓоковиќ – Медведев/Синер
20.00 часот Рафаел Надал – Руна/Алкараз

Сабота:
18.30 часот: За трето место
20.00 часот: Финале

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK