Америка изрече рекордна казна на Луфтханза

avion.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Соединетите Држави ја казнија Луфтханза со рекордни 4 милиони долари, откако авиокомпанијата им забрани на Евреите да летаат во 2022 година, бидејќи некои од нив, наводно, одбиле да ги следат тогашните задолжителни правила за маски за лице.


Американското Министерство за транспорт соопшти дека Луфтханза ги дискриминира патниците, третирајќи ги „како сите да се една група“, иако многумина не патуваат заедно и не се познаваат. Во соопштението за печатот се наведува дека ова е најголемата казна која некогаш и била изречена на авиокомпанија за кршење на граѓанските права, пренесува Би-би-си.

Луфтханза одговори дека ќе ја плати казната за да избегне судски спор, но негираше дискриминација, обвинувајќи ја за инцидентот „лошата комуникација“. „Луфтханза“ е посветена да биде амбасадор на добра волја, толеранција, различност и прифаќање“, се вели во соопштението на компанијата.

Патниците на спорниот лет патувале од Њујорк до Будимпешта, со попатна станица во Франкфурт, во мај 2022 година. Многу од патниците беа мажи облечени во „препознатливата облека што обично ја носат православните Евреи“, кои ги резервираа своите билети преку истите туристички агенции.

Капетанот го предупреди обезбедувањето на Луфтханза дека некои патници не ги следеле упатствата со кои се бара носење маски и забрана за собирање на патеки и на други места во авионот. Поради ова, понатамошното патување било невозможно за повеќе од 100 патници, од кои сите биле Евреи.

„Никој не треба да се соочува со дискриминација кога патува, а денешната акција испраќа јасна порака до авиоиндустријата дека сме подготвени да истражиме и да преземеме акција секогаш кога ќе се прекршат граѓанските права на патниците“, изјави американскиот секретар за транспорт Пит Бутиџиг.

Американското Министерство за транспорт потврди дека патниците интервјуирани за потребите на истрагата рекле дека не биле сведоци на никакво недолично однесување. Луфтханза подоцна не можеше да идентификува ниту еден патник кој не ги почитувал правилата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK