Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло време

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност поголема кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.



Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Утре наутро постудено, а преку денот сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. Од четврток ќе има зголемена облачност и утринските температури ќе бидат малку повисоки, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд и дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 7 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK