Тухел се договорил со ФА, ќе биде новиот селектор на Англија

skynews-thomas-tuchel-bayern-munich_6716567.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) постигна договор со германскиот тренер Томас Тухел да го преземе националниот тим, објави новинарот Фабрицио Романо.


Поранешниот тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд, Челси, ПСЖ, Баерн ќе го наследи Герет Саутгејт поднесе оставка во јули.

Саутгејт поднесе оставка откако освои два сребрени медали на Европските првенства (2021, 2024), бронзен медал во Лигата на нации во 2019 година и четврто место на Светското првенство во 2018 година со репрезентацијата на Англија, за осум години како селектор.

Ли Карсли е вршител на должноста селектор на Англија, а во првите четири натпревари забележа три победи и еден пораз против Грција.

Со Челзи, Тухел ја освои Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа во 2021 година, со Пари Сен Жермен двапати ја освои француската лига (2019, 2020 година), додека со Баерн Минхен ја освои Бундеслигата во 2023 година.

Ова ќе биде третпат англиската репрезентација да ја предводи странец, по Швеѓанецот Свен Горан Ериксон и Италијанецот Фабио Капело.

Официјализирање на одлуката се очекува во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK