Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Mickoski_Aerodrom_1-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Продуктивен состанок, ефикасна и надежна дискусија е впечатокот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и на претставниците од Стопанска комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) која се одржа во Берлин. На состанокот се промовираа инвестициските можности и капацитети во државата, а странски компании изразиле интерес за нови инвестиции во државата.


„Можам да кажам дека имавме многу отворен, искрен и продуктивен состанок со претставниците на германската Стопанска комора делот којшто е одговорен за Источна и Југоисточна Европа. Голем дел од компаниите коишто беа присутни на овој состанок се веќе присутни со свои производни погони кај нас. Имаше и такви компании коишто недвосмислено изразија желба да инвестираат кај нас и да бидат присутни на македонскиот пазар. Нормално, разменивме детали за понатамошен контакт и мислам дека многу скоро денеска ќе бидеме посетени, ќе ги отвориме преговорите за можно нивно инвестирање. Наша цел како Влада уште од самиот почеток беше подготвување на инвестициската клима и зголемување на инвестициската активност на компаниите не само домашните и странските исто така. Мислам дека во Германија ова е исклучителна голема можност, имајќи предвид дека нашата трговска размена надминува повеќе од пет милијарди евра. Илјадници наши граѓани работат во компаниите каде што се сопственици германски инвеститори и ние како Влада имаме и обврска но и одговорност да продолжиме со промоција на најголемата би рекол европска економска сила. Промоција на инвестициските можности и капацитети, денеска тоа го направивме во неколку области како што услугите, туризмот, енергетиката, производството итн. и мислам дека имавме исклучително позитивен состанок и мислам дека по овој состанок, да бидам попрецизен, сигурен сум ќе имаме уште неколку нови инвеститори во периодот којшто следи“, изјави премиерот Мицкоски.

Дел од претставниците на германската стопанска комора посочија дека очекуваат да ги зголемат нивните капацитети во нашата држава.

„Јас морам да кажам дека дискусијата беше многу ефикасна и надежна, за тоа имавме деклариран впечаток, бидејќи премиерот изјави дека оваа Влада е навистина бизнис ориентирана. Разговаравме за прашања поврзани особено со енергетиката и инфраструктурата, како и за фармацевтските производи и дигитализацијата, која е многу важна тема во дискусијата. Време е за следење, така што со нетрпение очекуваме да ги зголемиме нашите активности во Северна Македонија. Германија доживуваа одредени потешкотии во нашиот економски развој така што малку потпишуваме. Германија е сè уште една од најголемите економии во светот и она што ни помага е локалната стратегија на германскиот бизнис. Порано произведувавме сѐ во Германија и ги снабдуваме светските пазари, а сега германските компании одат во регионот и произведуваме во регионот“, изјави Мајкл Хармс.

„Развивме проекти на ветерни електрани. Најдобро ги вложивме нашите сопствени пари во земјата. Источно од Куманово, го започнавме овој проект пред неколку години, но бевме заглавени. Сега со поддршка на премиерот и неговата Влада, гледаме дека има навистина огромен потенцијал што можеме да тргнеме напред многу брзо и така нашата инвестиција може да се реализира многу брзо. Така што се надеваме во мандатниот период дека ќе можеме да исполниме сè, а можеби дури и да започнеме со нашето производство на електрична енергија. Дефинитивно ќе има повеќе од 100 луѓе кои работат на Фондацијата за изградба на патишта на поставување на целиот електричен кабел, но после тоа работата е поавтоматска, па ни требаат само луѓе кои ќе ги надгледуваат и вршат работи за одржување таму“, изјави Андреас Шоле.

„Најпрво би сакала да изразам благодарност што можевме да бидеме дел од средбата со неговата екселенција, премиерот на Република Северна Македонија како ПроKредит банка, Германија. Банкарството што Македонија го поддржува како дел од групата од 11 банки во Источна и Југоисточна Европа. Малите и средните претпријатија за Владата на Северна Македонија, а исто така и за нас се целта и столбот, како на секоја економија. Ние 20 години ги поддржуваме претпријатијата. Многу ја цениме поддршката на Централната банка и Владата на Северна Македонија, ПроKредит банка во Македонија ги поддржува инвестициите на малите и средните претпријатијата. Одржливата економија, инвестициите во обновливи извори на енергија, беа денешни теми како и дигитализацијата во земјата“, изјави Емилија Царева, ПроКредит Банка Германија.

„Условите за странски инвестиции се многу добри, сигурно дека секогаш има простор работите да се подобрат, но ние сме многу уверени дека новата влада ќе ги повлече лостовите коишто се соодветни за подобрување на инвестициската клима во земјата“, рече претставникот од Дојче Телеком.

Поддршка за бизнисот е значајна, не само за компаниите туку и граѓаните и за државата. На тој начин ќе има повеќе пари во буџетот, а со повеќе пари во буџетот ќе можеме да реализираме повеќе капитални инвестиции. Приоритет на Владата е економско стабилизирање на државата и да бидеме пријатели со бизнис заедниците. Важно е да се отворат што повеќе работни места, да им се помогне на македонските граѓани да имаат добро платено работно место и подобар стандард со цел да останат дома, наместо да се селат надвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK