Најчевска: Мислам дека граѓаните од сите етнички групи треба да се спротистават на ваков вид на измотавање на градоначалниците

najchevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Беззаконието кое го промовираат политичките партии едноставно не смее да биде поддржано и прифатено.
Настрана од законските пречки:
Прво, ако имаат вишок пари општините, тогаш не треба да им биде даден ни денар за поддршка од страна на државата.

Второ, ме интересира од која ставка на буџетот на општината ќе издвојат.
Трето, што мислат граѓаните во тие општини? Се им е средено во општината?
Ова полседното е најважно.


Во сите спомнати општини има проблеми со комуналиите, справувањето со сметот, чистата вода, сигурноста на улиците, заштитата на животната средина, функционирањето на основните и средните училишта и градинките, јавниот превоз, …

Мислам дека граѓаните од сите етнички групи треба да се спротистават на ваков вид на измотавање на градоначалниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK