Еден човек е убиен, а четворица се ранети во пукање на автопат на југот на Израел.
Како што пренесува „Тајмс оф Израел“, тешко ранетиот починал при транспорт во болница, а станува збор за полициски службеник.
Според првичната истрага, полицијата соопшти дека терористот се приближил до патот пеш, пукајќи во полицаецот, а потоа ги повредил другите четворица пред да биде застрелан од волонтер од брзата помош, кој случајно се нашол на местото на настанот.
„Возев и видов лице со пиштол како стои на патот“, изјави волонтерот за јавниот радиодифузер Кан. „Најпрво мислев дека е полицаец, а потоа испука неколку куршуми во мене. Скокнав од автомобилот, го извадив пиштолот и го застрелав“.
Патот е повторно отворен откако сообраќајот беше привремено запрен веднаш по нападот.
Според вестите на Канал 12, идентитетот на напаѓачот сè уште не е утврден, што укажува дека тој немал досие и можеби илегално преминал од Западниот Брег.