Вархеји: Првите исплати од Планот за раст за Западен Балкан се очекуваат овој месец

Varheji-1-920x600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европскиот комесар за проширување и соседство Оливер Вархеји денеска изјави дека овој месец се очекуваат првите исплати од Планот за раст за Западен Балкан во вредност од шест милијарди евра. Откако Советот на ЕУ минатата недела ги одобри реформските агенди за пет партнери од Западен Балкан, вклучително и Србија.


„Овие реформски агенди беа одобрени од Советот минатата недела. Во основа, ги очекуваме првите исплати веќе овој месец. Тоа е планот“, рече Вархеји на прес-конференција во Луксембург, по Меѓувладината конференција ЕУ-Албанија.

Тој додаде дека Планот за раст за Западен Балкан предвидува дополнителни инвестиции во сите области каде што се потребни суштински инвестиции за спроведување на сите реформи неопходни за членство во ЕУ, но дека за тоа е потребно учество на кандидатите.

„Ова значи дека мора да имаме реформска агенда од секој од нив, во која ќе се наведе што ќе прават до крајот на овој финансиски период, во суштина до крајот на 2027 година“, рече тој, додавајќи дека единственото нешто што недостасува е одобрувањето на реформска агенда на Босна и Херцеговина.

Тој рече дека на крајот од сегашната повеќегодишна финансиска рамка, односно во следните три и пол години, заедно со Економско-инвестицискиот план, кој мобилизира една третина од БДП на целиот регион, ќе има интензитет на помош за Западен Балкан што е споредлива со сегашната кохезија и структурните фондови на ЕУ, што значи 90 проценти од интензитетот на помошта по глава на жител во регионот.

„Тоа значи дека после тоа нема да има оправдување освен подготвеноста за влез во ЕУ“, рече Вархеји и изрази надеж дека заедно со Планот за раст ќе се забрзаат сите реформи неопходни за членство во ЕУ.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека исплатите од Планот за раст за Западен Балкан може да започнат до крајот на годината, бидејќи ќе бидат усвоени пет од шесте реформски агенди на партнерите од Западен Балкан оваа недела.

„Реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија се одобрени во согласност со новиот Инструмент за реформи и раст, вреден шест милијарди евра“, објави унгарското претседателство на својата сметка на социјалната мрежа Икс.

По усвојувањето на Реформската агенда во Комитетот за ИПА, во кој се застапени сите земји-членки на ЕУ, треба да биде донесена и имплементаторската одлука на Европската комисија, која се очекува утре, пренесуваат медиумите во регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK