УНИЦЕФ: Повеќе од 400.000 деца се раселени во Либан во последните три недели

LIBANO_-_SIRIA_-_rifugiati.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 400.000 деца во Либан се раселени во изминатите три недели, вели висок претставник на УНИЦЕФ, пренесуваат светските агенции, предупредувајќи на „изгубената генерација“ во малата земја која се соочува со бројни кризи и сега е вовлечена во војна.


Израел ја засили својата кампања против милитантната група Хезболах со седиште во Либан, вклучително и започнување копнена инвазија по размената на оган со проиранската милитантна група за време на војната со Хамас во Појасот Газа, пренесува АП.

Борбите во Либан принудија 1,2 милиони луѓе да ги напуштат своите домови и повеќето од нив побегнаа во Бејрут или северниот дел на земјата во текот на изминатите три недели на ескалација.

Тед Чајбан, заменик извршен директор на УНИЦЕФ за хуманитарни акции, ги посети училиштата кои се претворени во засолништа за раселените семејства.

„Она што ме изненади е што оваа тринеделна војна зафати толку голем број деца. Додека седиме овде, 1,2 милиони деца се лишени од образование. Либанските јавни училишта или станаа недостапни, или беа оштетени од војна или се користат како засолништа. Последното нешто што и треба на оваа земја, покрај сето она низ кое помина, е ризикот да изгуби неколку генерации“, рече Чајбан.

Иако некои приватни училишта во Либан продолжуваат да работат, јавниот образовен систем е сериозно погоден од војната, заедно со најранливите групи во земјата, како што се палестинските и сириските бегалци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK