(Видео) Луксузната јахта на саудискиот принц удри во пристаништето во Тунис: му припаѓаше на Трамп, користена е во филм за Бонд

Screenshot-2024-10-15-113414.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Луксузната јахта Kingdom 5-KP, која некогаш му припаѓаше на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, сега е во сопственост на принцот на Саудиска Арабија Ал Валид бин Талал, доживеа несреќа.


Имено, јахтата удрила во пристаништето во Тунис.

Објавени се фотографии од јахтата вредна 91 милион долари која му припаѓала на Трамп и била користена за снимање на филм за Џејмс Бонд.

Несреќата се случила минатиот петок во пристаништето во градот Бизерте во Тунис.

„Јахтата не успеа да застане на време и се заби во пристаништето. Удри во лакот иако капетанот го фрли сидрото за да ја намали брзината“, рече случаен минувач кој бил сведок на ситуацијата.

Јахтата првично била во сопственост на султанот од Брунеи, кој му ја продал на Доналд Трамп во 1988 година кога го добила името „Принцезата Трамп“.

Во 1983 година, јахтата се појави во филмот за Џејмс Бонд.

Може да прими 22 луѓе и 31 член на екипажот. Има 11 големи соби, пет палуби, базен, кино, фризерски салон и комплетен санитарен јазол, вклучувајќи и операциона маса.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK