ЕЕА: само околу една третина од водните површини во Европа се со добар квалитет

voda.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

И покрај целта поставена од ЕУ во 2015 година, сите водни тела да бидат оценети како вода со добар квалитет, само околу една третина од површинските води во Европа се во добра состојба, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).


Според податоците од 19 земји-членки собрани од ЕЕА во 2021 година, околу 37 отсто од површинските води во Европа имаат барем добар еколошки статус, додека 29 отсто имаат добар хемиски статус, пренесува лондонски Гардијан. Првичниот рок за постигнување на целта на ЕУ е продолжен до 2027 година, но податоците покажуваат дека овој рок ќе биде пропуштен со голема разлика.

„Состојбата со водата во Европа не е добра. Нашите води се соочуваат со голем број предизвици кои ја загрозуваат безбедноста на водата во Европа“, рече Лина Ила-Мононен, извршен директор на ЕЕА.

Извештајот на ЕЕА откри дека земјоделските активности имаат најголемо влијание врз површинските и подземните води на Европа, бидејќи се испумпува премногу вода, а во исто време се испуштаат премногу загадени отпадни води, а се наведува и влијанието на термоелектраните кои ослободуваат токсични честички, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK