Италија почна да испраќа мигранти во Албанија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италија почна да го спроведува контроверзниот договор со Албанија, префрлајќи мигранти по морски пат во центри управувани од италијанските власти, што е прв од ваков вид. Оваа иницијатива е дел од петгодишниот договор потпишан на крајот на 2023 година меѓу десничарската влада на Џорџа Мелони и албанската влада, со цел да се намали притисокот на мигрантите врз Италија.



Првата група мигранти, од кои 16, кои беа пресретнати во меѓународни води, со патролен брод на италијанската морнарица беше префрлена од островот Лампедуза во Албанија. Планот е мигрантите наместо да останат на италијанска територија, да бидат сместени во два центри во Албанија, каде што ќе го чекаат разгледувањето на нивните барања за азил во ЕУ.

Договорот наиде на критики, особено за условите во центрите и за третирањето на мигрантите како административни притвореници, што многумина го гледаат како кршење на човековите права. Главната опозициска партија во Италија, Демократската партија, предводена од Ели Шлајн, ја осуди владата што потрошила милијарди евра во текот на пет години на оваа програма, наместо да ги насочува средствата за основните потреби на граѓаните.

Покрај договорот со Албанија, Италија склучи сличен договор со Тунис, кој вклучува економска помош во замена за построга контрола на мигрантите, и го обнови договорот од 2017 година со Либија, кој исто така е контроверзен за нејзината соработка со либиската крајбрежна стража во запирање на миграцијата.

Ова прашање би можело да стане тема на претстојниот самит на ЕУ, на кој би се разговарало за можноста за проширување на вакви центри надвор од територијата на ЕУ, со што мигрантите би се испраќале во земји надвор од европскиот блок, како дел од пошироката политика на враќање на илегалните мигранти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK