Продолжува работната посета на претседателот на Владата, Мицкоски во Берлин

462577275_1144748250340433_2889711371657119488_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес продолжува посетата која претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ја имаат на Берлин, Сојузна Република Германија која е дел од таканаречениот Берлински процес.


Премиерот Мицкоски ќе има излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) каде ќе ги презентира економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе оствари средба со Аналена Бербок, сојузен министер за надворешни работи при што ќе одржат и заедничка изјава за медиуми.

Воедно ќе се оствари средба и со претставници од раководството на германската фондација Конрад Аденауер Штифтун. Ова е втор ден од посетата на Германија откако вчера премиерот Мицкоски оствари бројни средби со премиери на Влади и политички лидери вклучени во Берлинскиот процес. Тој оствари средба и со Германскиот канцелар Олаф Шолц при што беше потврдена германската поддршка за европските интеграции на државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK