Презентација на резултати од истражувањето на изворите на загадување на воздухот – трибина

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на проектот “Справување со загадувањето на воздухот”, спроведуван од УНДП во Македонија, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ, денеска во Скопје, се одржа панел дискусија, на која беа презентирани резултати од истражувањето на изворите на загадување на воздухот во Куманово, Гостивар, Кавадарци, Струмица и Струга.
На настанот учествуваше и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој се обрати пред присутните претставници од општините, опфатени во проектот.
Во двете сесии од дискусијата беше истакната поддршката на општините и беа предложени мерки и активности за справување со загадувањето на воздухот на локално ниво.
На трибината учествуваа и амбасадорката на кралството Шведска, министерот за животна средина и просторно планирање и проект менаџери на УНДП, кои го организираа настанот.
Проектот е дел Рамковната програма на УНДП, финансирана од Шведска, во која е вклучен и проектот “Градење на општински капацитети за имплементација на проекти”.







The post Презентација на резултати од истражувањето на изворите на загадување на воздухот – трибина first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK