По укинувањето на балансерот, академици од сите универзитети ќе дебатираат за законот за правична застапеност, уверува Меџити

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Што содржи новиот закон кој ќе предвиди правична застапеност на сите заедници во институциите министерот за животна средина Изет Меџити вели дека сѐ уште не може да открие, но најави дека за него ќе има широка јавна дебата. Драфт верзијата, според Меџити, ќе ги помине сите потребни филтри за да не се случи повторно да имаме половичен закон, кој ќе биде проблематичен.



„Што ќе содржи не можеме да кажеме, но можам да кажам дека ќе има јавна дебата. Ќе се вклучат академци од сите универзитети, стручни, професионалци, сѐ во функција да се најде најдоброто решение, кое ќе биде долгорочно решение и кое не може утре-задутре да се оспори од некого. Мора да внимаваме на уставната категорија правична застапеност, но воедно са не дојдеме во судир со Уставот и пак да ни се случи ова ситуација“, рече министерот Меџити.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, минатата недела извести дека веќе е готов нов закон кој превидува не само етничка, туку и полова и секаква друга застапеност во институциите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK