Ерата на лука Модриќ во Реал Мадрид се ближи кон својот крај тврди „АС“. Според овој извор Флорентино Перез го означил наследникот и во летниот преоден рок клубот ќе се обиде да го реализира овој трансфер.
Флорентино Перез во Реал сака да го донесе Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.
Вирц долго време е под будното око на Реал, уште откако дебитираше во Бундеслигата на 17 години. Скаутите на Реал сметаат дека технички и тактички Вирц е на нивото на Модриќ.
Сепак, реализицијата на трансферот нема да биде лесна задача.
Вирц со Баер Леверкузен има договор до 2027 година, а генералниот директор на клубот Фернандо Кара јасно стави до знаење дека обештетувањето е 150 милиони евра. Иако Реал допрва треба да започне преговори, „кралскиот клуб“ е решен да го комплетира овој трансфер.