Вчера во американскиот град Савана, во државата Џорџија, се урна мал авион при што загина пилотот, а еден патник беше повреден, јави Еј-би-си Њуз.
Несреќата се случила во населбата Ламара Хајтс, според информациите објавени од локалната полиција. Никој на теренот не е повреден, а Федералната управа за авијација ќе спроведе дополнителна истрага.
Пожарникарите на Унијата на Савана објавија на Фејсбук дека добиле извештај за падот околу 21:46 часот.
Кога пристигнале пожарникарите, пилотот и патникот се уште биле заробени во авионот.
„Постапивме брзо за што поскоро да ги извадиме и да обезбедиме итен транспорт до болницата“, се вели во нивното соопштение.
Областа ќе остане затворена додека не заврши истрагата и не се отстрани авионот, рекоа официјални лица.