Со автомобил удрил во малолетничка во Радовиш па побегнал, МВР го пронајде возачот

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На булеварот Александар Македонски во Радовиш, автомобил управуван од  Ѓ.Ѓ.(37) од Радовиш, удрил во малолетно девојче, по што го напуштил местото.



Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медициски центар Штип, соопшти полицијата во дневниот билтен.

Се додава дека по преземени мерки и активности, возачот бил пронајден на 12 октомври и со него бил извршен службен разговор.

Увид бил извршен од екипа на Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK