Апасиев го посети местото каде што загина првиот партизан од Прилеп

IMG_20241011_163656_096
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес, претседателот на Левица – Димитар АПАСИЕВ, заедно со останати претставници и членови на Левица, беше дел од еднодневната планинарска тура, организирана по повод 11 Октомври – Денот на Востанието на Македонија. Притоа, претседателот Апасиев го посети местото каде што загина првиот партизан од Прилеп, Спасе Темелкоски, и со положување цвеќе, дополнително му оддаде почит.

 



Пред реализацијата на оваа планинарска тура, активистите на Левица ја пробија трасата и овозможија проодна патека до местото каде што загинала првата жртва на Прилеп – Спасе Темелкоски.

 

Уште како млад ,,скоевец”, заедно со неговиот другар Стеван Абакот, Спасе се приклучил кон партизанското движење. Во вооружена пресметка со бугарскиот окупатор, не можејќи да му се спротивстави на многубројниот непријател, Темелкоски се самоубил, активирајќи ја последната бомба што ја имал и така го завршил својот млад живот.

 

Учество во оваа планинарска тура зедоа членови од неколку локални ограноци на Левица од Македонија. Патот што се изоди во рамки на оваа тура е истиот пат по кој Спасе Темелкоски се движел, бегајќи од бугарскиот фашистички окупатор.

 

Инаку, трасата на оваа планинарска тура до неодамна беше непроодна и обрасната, но активистите на ЛО Левица – Прилеп вложија труд за да стане проодна и притоа ја маркираа истата со патокази и маркации, а на самата локација извршија и:

– обновување на југословенското и македонското социјалистичко знаме;

– чистење на спомен – плочата и

– поставување на слика од Темелкоски до самата спомен – плоча.

 

Оваа планинарска тура е една од многуте организирани тури на #Левица кои имаат за цел да го стимулираат единството помеѓу членовите и да ја зајакнат нашата борба, базирана на слобода, демократија, солидарност, правда, зачувување и унапредување на животната средина и цврсто стоење на правата страна на историјата.

 

#11Октомври

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK