Италија, Франција и Шпанија до Израел: Бесни сме

izrael.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Соединетите Држави и европските земји го повикаа Израел да ја гарантира безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица војници на ОН беа ранети во израелските напади во јужен Либан оваа недела.


Американскиот претседател Џо Бајден рече дека апсолутно бара од Израел да престане да пука врз мировниците, по вториот напад врз персоналот на ОН за два дена.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во телефонски разговор со својот израелски колега ја истакна „важноста од обезбедувањето на безбедноста“ на силите на Обединетите нации, соопшти Пентагон.

По неколкунеделни засилени напади врз либанската милитантна група Хезболах, Остин исто така го повика Израел „што поскоро да премине од воените операции на дипломатски пат“.

Заедничко соопштение на Италија, Франција и Шпанија: Бесни сме

Израел, исто така, се најде под тешки критики во Европа. Во заедничката изјава, лидерите на Италија, Франција и Шпанија го изразија својот „гнев поради неоправданите напади на Израел“ врз мировните сили и побараа тие „веднаш да престанат“. Германското Министерство за надворешни работи го нарече „неприфатливо“.

Двајца либански војници беа убиени, а двајца мировници на ОН беа ранети во израелските напади во петокот.

Либанската армија соопшти дека израелските сили нападнале една од нивните пунктови во селото Кафра во јужен Либан, при што загинале двајца војници и раниле уште тројца.

Наџиб Микати, привремениот либански премиер, го осуди нападот, нарекувајќи го „злосторство против Либан“.

Израелската армија се уште не ги коментираше инцидентите.

Слабата либанска армија не е деклариран непријател на Израел, а либанските државни сили се сметаат за немоќни против огромното влијание на Хезболах на југот на земјата.

Претходно, мировната мисија на ОН објави дека нејзиниот штаб во Накура е повторно погоден, при што се ранети уште двајца припадници на силите.

Ова беше втор напад врз објектите на привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) за 48 часа. Во четвртокот двајца војници беа повредени откако израелски тенк пукаше кон стражарско место.

УНИФИЛ соопшти дека две експлозии се случиле во близина на набљудувачката станица во Накура во петокот. Силите соопштија дека еден од двајцата повредени мировници бил пренесен во болница во блискиот Тир.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека нивните војници отвориле оган, велејќи дека одговараат на „непосредна закана против нив“.

ИДФ соопшти дека првичната истрага открила дека позицијата УНИФИЛ била погодена додека војниците се обидувале да погодат цел на 50 метри оддалеченост од мировниците.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK