Патниците кои се на луксузниот брод за крстарење MSC Grandiosa и кои деновиве пловат по Медитеранот имаа можност да уживаат во настапот на Петр Грашо.
Во еден момент на сцената му се придружи и Јелена Розга која моментално ужива во годишниот одмор, а патувањето на публиката и го разубавија со вкрстување на нивните гласови.
Долгогодишните пријатели и колеги прво ја испеаја песната што Розга ја сними со Оливер Драгојевиќ додека таа сè уште настапуваше во Магазин, „Само навика“, а потоа го отпеа својот голем хит „Ти си жеља мог живота“.