Општина Гевгелија објави самостоен Јавен повик за граѓанските здруженија за поднесување предлог-проекти во повеќе области

opstina-gevgelija5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Гевгелија објави самостоен Јавен повик наменет за граѓанските здруженија и организации за поднесување-предлог проекти во следниве приоритетни области: „Култура и туризам“, „Заштита на животната средина“, „Социјална инклузија и човекови права“, „Спорт и млади“ и „Образование“. Јавниот повик е отворен до 11.11.2024 година, до 16:00 часот.

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 123.000,00 МКД до 300.000,00 МКД. Општина Гевгелија го задржува правото да не ги додели расположливите средства доколку предлог-проектите дне ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите можат да бидат со времетраење од 3 до 6 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат до крајот на мај 2025.


Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во две (2) печатени копии и една електронска верзија (на USB), во запечатен плик со назнака за Јавниот повик, по препорачана пошта, адресирано до Општина Гевгелија ул. „Димитар Влахов“ бр. 4, 1480, Гевгелија или директно во Општина Гевгелија, во работните денови (понеделник-петок), од 08:00 до 16:00. На надворешната страна на пликот мора да стои името на Повикот за поднесување предлог-проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката: „Да не се отвора пред официјалното отворање“.

Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со Законот за здруженија и фондации.

Повеќе информации на следниот линк: Јавен повик

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK