Иако ослабе од категорија 5 до категорија 3 во пресрет на неговото пристигнување на брегот на Флорида, ураганот Милтон остава пустош по него.
The water has been sucked out of Tampa Bay by Milton.
Happened fast. pic.twitter.com/8ghtF5SZYx— Brian Entin (@BrianEntin) October 10, 2024
Повеќе од милион луѓе се евакуирани, бројни области се веќе поплавени, нивото на морето се подига, забележани се екстремни количества дожд и ветрови со брзина од над 150 километри на час.
Новинарите на NewsNation снимија видео од заливот Тампа, каде ураганот го вшмукува морето од брегот. Според Националниот центар за урагани, метеоролошката станица на устието на заливот Тампа забележала удари на ветер од 161 километар на час.