Секторот за даноци и такси при општина Куманово ги известува сите даночни обврзници дека во наредниот период ќе се врши дистрибуција на Опомени за неплатени даночни долгови по основ данок на имот за физички лица за 2023 година, Решенија за присилна наплата за данок на имот за правни лица за 2023 година, како и Решенија за присилна наплата на долг по основ утврдена комунална такса за назив на деловна просторија за 2023 година.
Граѓаните се должни да постапат по истите, односно во дадениот рок да ја измират обврската, во спротивно ќе се постапи по законските одредби и ќе се врши присилна наплата. Доколку во меѓувреме го имаат намирено долгуваниот износ, Опомените и Решенијата за присилна наплата да не ги земаат предвид.
За сите дополнителни информации граѓаните можат да се обратат во просториите на Секторот за даноци и такси, при општина Куманово, спроти градскиот стадион во поранешна зграда на ,”Козјак”, секој работен ден во период од 9:30 до 11:00 часот и од 12:00 до 14:00 часот.
The post И З В Е С Т У В А Њ Е first appeared on Општина Куманово.