ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ЈУБИЛЕЈОТ „80 ГОДИНИ СЛОБОДЕН ОХРИД“

ohrid-logo-transparent-80-p.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Охрид ја подготвува Програмата за одбележување на 7-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид.

Со цел навремено организирање на настаните и заедничко одбележување на големиот јубилеј „80 години Слободен Охрид“ се повикуваат сите здруженија на граѓани, инстутуции и поединци кои имаат подготвено проекти и настани од значење за Охрид (изложби, промоции на книги, музички концерти и други форми на културно организирање) со точно наведени часови, датуми и локации да ги достават на маил на Одделението за култура при Општина Охрид ([email protected]).


Сите активности ќе бидат ставени во рамки една програма која ќе се објави најдоцна до 20-ти октомври 2024 година и јавноста ќе биде поканета да присуствува.

Целта на ова известување е да нема поклопување на настаните и локациите и сите заедно на ниво на град Охрид да подготвиме заеднчика Програма за достојно одбележување на Јубилејот „80 години Слободен Охрид“.

The post ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ЈУБИЛЕЈОТ „80 ГОДИНИ СЛОБОДЕН ОХРИД“ first appeared on Ohrid.gov.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK