Барселона го регистрира Шчесни и за Лигата на шампионите

z31078685AMPEuro-2024-Wojciech-Szczesny-w-meczu-Polska-Hola.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Војчех Шчесни, полскиот голман кој летово се прости од фудбалот и неодамна беше вратен од пензија, има право на настап и во Лигата на шампионите.


Полјакот дојде во Барселона поради тешката повреда на коленото поради која заврши сезоната на Мар- Андре тер Штеген.

Многумина веруваа дека поради рокот за регистрација во Лигата на шампионите кој истече на почетокот на септември, нема да може да брани во елитното натпреварување за каталонскиот клуб.

Сепак, Барселона најде „дупка“ во правилата, во кои стои дека е можно последователно да се регистрира нов играч само доколку играч на истата позиција доживеал повреда поради која ја завршил сезоната.

Бидејќи токму тоа е случај со Тер Штеген, Шчесни ќе го заземе неговото место и речиси сигурно ќе биде првиот избор на Ханси Флик и во Ла Лига и во Лигата на шампионите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK