Во рамки на службената посета на Република Косово, делегацијата предводена од министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со државниот јавен обвинител, Бесим Кељменди.
На средбата се дискутираше за досегашната соработка меѓу двете држави на ова поле. Беа разменети и позитивните практики и искуства, а посебен акцент беше ставен на Информатичко-комуникациските технологии, односно т.н. систем за електронско управување и распределување на предметите.
Во таа насока, од страна на Јавното обвинителство на Република Косово беше презентиран начинот на работа на системот за електронско управување на предметите.
Двете страни се согласија за интензивна соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово и за нејзино натамошно продолжување и продлабочување во оваа сфера.