„Да го немав пиштолот на татко ми, немаше да го направам масакрот. Оружјето ми беше на дофат“, ова, како што пренесува Телеграф повикувајќи се на неофицијални информации во Специјалниот суд го изјавил К.К.(14) додека сведочел во постапката против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ.
На овој начин, како што анализира медиумот, момчето ја префрлило одговорноста за масовното убиство во училиште на својот татко.
Негативно зборувал и за мајката Миљана Кецмановиќ, велејќи дека таа „постојано барала тој да биде најдобар во се“. Како што наводно рекол, Миљана Кецмановиќ „се лутела кога не бил најдобар во нешто и го карала“ и истакнал дека токму однесувањето на неговата мајка го поттикнало масовното убиство.
Момчето на 3 мај минатата година во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет ученици и училишниот чувар, денеска за прв пат се појави пред семејствата на убиените деца.
Следното рочиште е закажано за 17 октомври во зградата на Специјалниот суд во Белград.
Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ со распит на К.К., момчето кое го изврши масовното убиство на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“. Нему му поставуваа прашања судијата, обвинителот, адвокатите на оштетените и прашања на еден член од семејствата на убиените, пренесува медиумот.
К.К. е изнесен денеска за прв пат од установата во која е задржан по кривичното дело.
Судењето продолжува на 17 октомври, кога треба да продолжи распитот на К.К.