Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер. Соговорниците разговараа за актуелните прашања поврзани со европската интеграција на нашата земја, улогата на Франција и можностите за понатамошно унапредување на билатералната соработка.
Министерот Муцунски ја истакна важноста на засилениот ангажман и поддршката на Франција, како водечка земја членка на ЕУ, за продолжување на процесот на пристапување на нашата земја и регионот. Тој ја реафирмираше посветеноста на земјата за забрзување на евроинтегративниот пат и спроведување на реформите во клучните области, како што се владеењето на правото, правосудството и економското управување.
Дополнително, беа дискутирани и перспективите за натамошно зајакнување на политичката и економската соработка, како и заедничките напори за справување со регионалните и глобалните предизвици, со особен акцент на безбедносните прашања.