Малолетниот убиец од белградското основно училиште, кој на 3 мај минатата година уби десет ученици и обезбедувач, за прв пат по масакрот дојде во Специјалниот суд во Белград, пред кој има вооружени полицајци, пишува Блиц.рс.
Момчето ќе биде специјален сведок на судењето на неговите родители.
Како што јавија репортерите на „Блиц“ од местото на настанот, момчето убиец со возило на Брза помош бил донесен на задниот влез на Специјалниот суд. Возилото било придружувано од два полициски џипа што ротирале.
Пред Специјалниот суд има вооружени полицајци со пушки кои го обезбедуваат судот и судењето.
Исто така, има и неколку полициски возила.
„Денеска се очекува сослушувањето на малолетниот убиец. Тој има право да одбие да сведочи, имајќи предвид дека веќе е сослушан. Ова е прва можност семејствата на убиените да поставуваат прашања што ги мачат веќе една година“, им рече на новинарите, адвокатот Огњен Божовиќ.
Како што јавуваат новинарите на „Блиц“ од местото на настанот, шокантни се сцените пред и во судот. Секој час пристигнуваат родителите на убиените деца. Во судот влегуваат потиштени, со наведнати глави.