Сè уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција, велат од СДСМ

mickoski1-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ сè уште чека одговор од Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за свикување собраниска седница за европската интеграција на Македонија, истакнуваат од оваа партија.


Премиерот Мицкоски и Владата, како што велат, имаат обврска пред пратениците и пред граѓаните да го презентира планот за продолжување на европската интеграција на земјата и подобрување на позициите во преговарачката рамка со конкретни рокови, како што беше ветено пред граѓаните пред изборите.

„И покрај дадените ветувањата за подобри услови во преговорите, досега од страна на Владата не се преземени никакви видливи чекори, нема никаква иницијатива ниту пак некакви рокови кога би можело да се случи тоа. Напротив, процесот е целосно блокиран од страна на Владата.

На држава и на граѓаните не им требаат ниту празни флоскули, ниту митигашки пароли, им треба конкретен план во Собранието“, се истакнува во соопштението.

СДСМ, додаваат од партијата, е подготвена да поддржи стратегија којашто ќе значи подобрување на позициите и продолжување на европскиот пат на државата, но нема да прифати празни ветувања, блокада на процесите и манипулации на јавноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK