Фудбалерот на Црвена звезда, Силас Катомпа Мвумпу би можел да ги напушти црвено-белите во зимскиот преоден рок. Силас, пред еден месец, пристигна во Белград како позајмен фудбалер од Штутгарт. Српскиот шампион има можност да го откупи неговиот договор за 10 милиони евра.
Германските медиуми тврдат дека интерес за Силас покажале Евертон и Виљареал. Според овие извори планот на Црвена звезда е да му платата на Штутгарт 10 милиони евра, а потоа во јануари да го продадат за поголема сума.
Доколку Црвена звезда се реши на ваков чекор, дел од парте од трансферот, околу 10 отсто ќе му припаднат на Штутгарт.