Грушко: НАТО ги разгледува опциите за воени операции против Русија

677z381_7290588.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко денеска изјави дека НАТО ги разгледува опциите за воени операции против Русија, пренесуваат светски медиуми.


Сега членките на НАТО престанаа да кријат дека се подготвуваат за потенцијален вооружен конфликт со Русија, одобрени се регионални одбранбени планови, формулирани се конкретни задачи за сите воени команди на блокот“, изјави Грушко во интервју за РИА Новости.

Тој истакна дека НАТО истовремено „ги испитува логистичките рути за пренесување војници и оружје преку Атлантикот до местото каде што се наоѓаат магацините за оружје“.

Грушко оцени дека НАТО постојано го зголемува степенот на тензија кон Русија.

Грушко исто така додаде дека Москва и НАТО имаат линии на комуникација, дека министрите за одбрана на Русија и САД водат дијалог, но дека овие канали се наменети повеќе за вонредни ситуации, а не за изнаоѓање начини за намалување на тензиите.

„Постојат таканаречени жешки линии на комуникација и можностите за итни контакти се уште се на ниво на министрите за одбрана на Русија и САД, а не за изнаоѓање начини за намалување на тензиите“, рече Грушко, пренесува РИА Новости.

Во октомври 2021 година, како одговор на протерувањето на руските дипломати од НАТО, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги објави руските одмазднички мерки: покрај суспендирањето на работата на воената мисија за врски на НАТО во Москва, престана и работата на нејзиното информативно биро, според руската агенција.

Постојаната мисија на Русија во НАТО ја прекина својата работа, а за контакти со Русија од алијансата е побарано да контактира со рускиот амбасадор во Белгија, според медиумот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK