Министерката Димитриеска-Кочоска во Унгарија ќе го потпише Договорот за заем од 500 милиони евра

kocoska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде во име на Владата ќе потпише Договорот за заем од Унгарската Експорт-импорт банка.



Станува збор за потпишување договор за најавениот заем од 500 милиони евра со поволни услови, 15 години рок на отплата, со вклучени три години грејс период и каматна стапка од 3,25%. Средствата од заемот ќе се користат за поддршка за проекти за локален регионален развој, што ќе се реализираат преку општините, како и за поддршка на економијата, односно заеми за компаниите, велат од Министерството.

Потпишувњето на договорот со унгарската Експорт-импорт банка е согласно усвоениот Закон за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, а се реализира како дел од планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година.

Средствата од заемот треба да бидат префрлени во земјава до крајот на неделата, додаваат од Министерството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK