Застрашувачката снимка е објавена на мрежите, а на неа се гледа т.н ловци на урагани кои летаат веднаш до разорниот ураган Милтон кој се заканува на Флорида и се вели дека ќе биде најлошата бура што го погодила тој дел на САД во последните 100 години и повеќе.
Веќе подолго време важат предупредувањата, започната е евакуација. Според последните извештаи, главните патишта за евакуација се преполни со возила на оние кои се обидуваат да се засолнат пред ураганот.
Hurricane hunters flying through the eye of Hurricane Milton just minutes ago. pic.twitter.com/O8qPsxPuC6
— Rob (@_ROB_29) October 7, 2024
Една од најстрашните најави дојде од градоначалничката на Тампа, Џејн Кастор, која отворено им порача на луѓето дека ќе загинат доколку останат во некоја од зоните означени за евакуација.
– Можам да кажам без никаква драматизација – ако одлучите да останете во тие области, ќе умрете – рече таа во главната изјава.
Таа нагласи дека ураганот Хелен е „повик за будење“, но дека потенцијалната закана од оваа бура е катастрофална.