(Видео) Ураганот Милтон засилено се движи кон американскиот брег: дуваат ветрови до 250 километри на час

Screenshot-2024-10-07-210218.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ураганот Милтон брзо зајакна до категоријата пет додека се движи кон брегот на Мексиканскиот залив во Америка, објави американскиот Национален центар за урагани.



Пријавени се силни ветрови до 250 километри на час додека Милтон се движи кон Флорида, каде што се очекува да падне на копно во среда вечер или рано наутро во четврток, објави центарот за урагани.

На жителите на Флорида им беше кажано да се подготват за најголемата евакуација во последните години, а гувернерот Рон ДеСантис предупредува дека времето за евакуација брзо истекува.

Предупредувањата за ураганот Милтон доаѓаат само 10 дена откако ураганот Хелен, најсмртоносниот ураган што дошол на копно од Катрина во 2005 година, го погоди југоисточниот дел на САД, убивајќи најмалку 225 луѓе. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати.

Најмалку 14 од тие смртни случаи се случиле во Флорида, каде што 51 од 67 окрузи сега се под итни предупредувања додека Милтон се приближува.

Ураганите се поделени во пет категории врз основа на брзината на ветерот. Оние кои достигнуваат категорија трета или повисока се сметаат за големи урагани поради нивната потенцијална опасност по човечкиот живот и штета, според Националната метеоролошка служба на САД.

Ураганот Милтон се очекува да ослабне утре кога ќе го премине Мексиканскиот залив, паѓајќи на ураган од трета категорија до моментот кога ќе дојде до копното во заливот Тампа, Флорида доцна во среда или рано во четврток, објавија американските медиуми.

Потоа се предвидува дека Милтон ќе продолжи да се движи кон североисток, поминувајќи ја Флорида и ќе тргне кон Атлантскиот Океан.

Пред да падне на копно, Националниот центар за урагани предупредува на обилни дождови и поплави за делови од Флорида почнувајќи од денес.

Се додава дека опасни по живот бранови и силни ветрови се можни долж делови од западниот брег на Флорида од доцна во вторник или рано во среда.

Меѓународниот аеродром во Тампа најави дека ќе ги прекине летовите од утре поради невремето. Новиот ураган доаѓа додека американската влада предупредува дека напорите за опоравување од ураганот Хелен може да траат со години.

Стотици патишта во погодените области сè уште се затворени, што го отежнува испраќањето помош до тешко погодените заедници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK